Реклама
Стил

Зошто сите на „Макфест“ зјапаа во пејачката Лара? (ФОТО)

Лара оваа година не настапи на Макфест со нова песна

Реклама

Прекрасната пејачка Лара Ивановска буквално блескаше вечерва на сцената на „Макфест“.

фото/инстаграм

Лара по којзнае кој пат одржа лекција на многу од пејачите како треба еден артист да се подготви за големата макфестовска сцена.

Маркетинг

Прикладно за нејзината возраст, складно со нејзината одлична фигура на телото, девојката одбрала фантастична боја за на сцена, бакарна!

Маркетинг

Таа беше облечена во тесно долго здолниште со  тесен и кус корсет истакнувајќи го голиот стомак, а сето тоа андополнето со украс на грлото ( чокер). Целата креација изработена од истиот материјал и бакарна боја.

За совршениот изглед Лара соработувала со модното студио Ива ателје, а модната дизајнерка Ива Спасовска  не издржа да се пофали  на социјалните мрежи горда што пејачката одбрала да соработува со неа.

Чест и задоволство ни е што нашата Лара Иванова со најслушаната песна „Бела“ се појави на овогодинешниот Макфест со наша креација – напиша Ива.

Инаку, Лара оваа година не настапи на Макфест со нова песна, туку таа и Пајак беа поканети како специјални гости кои добија награда од 120 000 денари за најслушана песна од минатата година, се работи за песната „ Бела“.

Со оваа композиција беше затворен годинашниот 38.Макфест.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button