Сигурно сте забележале дека модерните казанчиња во купатилата имаат две копчиња – поголемо и помало.
Тие не се таму без причина, напротив, иако повеќето луѓе не размислуваат за нивните вистински цели. Дали внимавате на кое копче стискате? Секое копче контролира посебен дел од водата во казанчето – помалото копче е за помал дел, поголемо за поголемо. Помалиот дел просечно троши околу три до 4,5 литри вода, додека поголемиот дел има волумен од шест до девет литри.
Целата поента на две копчиња е да го користите помалото кога ви треба помалку вода, а поголемо кога ви треба повеќе.
На овој начин корисниците имаат корист и затоа што се троши помалку вода и затоа се води сметка за околината.
И бидејќи на повеќето луѓе не им е грижа какво копче притискаат, научниците истражувале колку е заштедена вода ако ги следиме упатствата – одговорот е дека просечното домаќинство заштедува до 20 000 литри вода годишно, а таа ставка се чувствува и на сметката и влијанието врз животната средина.