Научниците дојдоа до откритие дека годишниот одмор, било да е летен или зимски, е исклучително добар за срцето и умот.
Истражувањата спроведени во текот на годината укажуваат на тоа дека празниците и одвојувањето од дневните стресни рутини се многу повеќе од фотографирање и купување сувенири и дека тие носат и очигледна корист за здравјето.
Последното истражување ги следеше мажите во 50-тите години и тоа во текот на 9 години и заклучено е дека оние кои земале еден или повеќе годишни одмори се помалку склони кон умиране од кардиоваскуларни причини, вклучувајќи и срцеви удари.
Останатите анкети и студии го поврзувале одморот со помала депресија, намален стрес и подобра општа благосостојба.
Д-р Ананд Рохаџи, превентивен кардиолог, вечи дека се потребни повеќе истражувања на оваа тема, но дека оваа теза има смисла.
Тоа се главно опсервациски студии, но луѓето кои земаат помалку одмор се обично повеќе под стрес и имаат повеќе здравствени проблеми.
Доколу себеси не си дадете време да се опоравите, нема добро да се снајдете и можеби ќе бидете склони кон повреди, воспаленија, но и сериозни болести“, рече тој.
Една од препреките за донесување конечни заклучоци, рече тој, е тешкотијата за раздвојување на прашањето за одмор од било кој друг фактор кој негативно влијае врз здравјето.
„Луѓето кои одлучат да одат или кои се во можност да одат на повеќе одмори можат да бидат поинакви во здравствена смисла од луѓето кои не одат. Но, тоа може да биде поврзано со деловен или финансиски статус, а не само за самиот одмор“, рече Рохаџи.
Сепак, кардиологот вели дека ги советува пациентите, поточно оние со срцеви проблеми, да го намалат стресот и максимално да го користат слободното време како дел од таа стратегија.
„Стресот може да го подигне крвниот притисок, може да го забрза пулсот, може да доведе до аритмија или да ја влоши било која од овие состојби. Постојат јасни кардиовакуларни импликации за одржување на рамнотежа и намалување на стресот. На нив мора да работите на дневна база. Мора правилно да го користите тој одмор“, вели Рохаџи.
Исто така, она со што професионално се занимавате и како јадете може да направи разлика, пренесува Хелт24.
„Целта е да се обидете да го направите својот одмор сличен на вашите нормални навики во исхранта. Одржувајте редовни оброци во период од четири до шест часа и задолжително имајте ужина за да не бидете премногу гладни во било кој момент“, рече Андреа Д’Амброзио, нутриционист.