Лицата со оштетен вид кои практикуваат да носат контактни леќи треба да ги зменат со очила додека трае епидемијата на вирусот.
Преку прстите, солзите или капките, допирајќи ги очитесе пренесува коронавирусот, а луѓето кои носат леќи на тој начин несвесно почесто го допираат овој дел од лицето.
Носењето очила ја намалува можноста за иритација на очите, а самите стакла се бариера за несвесно допирање на очите.
Меѓутоа, ако немате очила и сè уште треба да носите леќи, обрнете посебно внимание на хигиената на рацете. Препорачливо е ноктите да бидат кратки и да мора да се смени пешкирот со кој ги бришете рацете пред да ги извадите и ставите леќи.
Исто така, проверете дали темелно ви се исчистени леќите пред секоја употреба, како што е наведено од вашиот очен лекар.