Некои знакови во хороскопот колку и да се сакаат едноставно не можат да имаат добра врска.
Како изгледа врската меѓу Лав и Рак
Поврзувањето на овој динамичен пар никогаш не завршува добро. Додека Раковите се радуваат во длабоката, духовна и отворена врска со својот партнер, Лавовите ја носат несигурноста за нивната идеја како би требало да изгледа љубовната идила.
Лавовите се склони кон екстремни промени во љубовта, од тоа што некогаш се чуствуваат како кралеви на целиот свет, уверени и спремни да му пружат се’ на својот партнер, а во друг момнет да бидат саркастични и цинични, критикувајќи ја секоја мала работа што нивниот партнер ја прави.
Чувствителниот Рак секој нивен збор си го зема при срце па го вклучува својот одбранбен механизам, кој главно се состои од незадоволство и лутина, што на крајот предизвикува хаос и целосно ја влошува нивната врска.