Еве како изгледаше првата дама на Македонија, но и сопругата на премиерот на прославата на Денот на независноста
Вчера во американската амбасада се славеше „Денот на независноста“.
На гала настанот присуствуваа бројни личности од политичкиот и јавниот живот, меѓу кои сопругите на нашите познати политичари. Најмногу внимание привлече македонската прва дама, Елизабета Пендаровска која на настанот се појави во тренди фустан-кошула и чизмички до глужд, додека нејзиниот сопруг, Стево Пендаровски носеше патики, темни фармерки и кежуал палто.
За разлика од нашата прва дама, сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица Заева, се појави во елегантен црн фустан со интересен дезен во бела боја, а целото издание го зачини со црни салонки со отворени прсти.
Инаку, официјалниот моден кодекс на вакви официјални настани подразбира комплети со пристојна должина, и сакоа во комбинација со панталони и фустани (со должина до и под колена), пристојни блузи, маици, а се препорачува и рамениците да бидат покриени.
Па, кое од овие две изданија ви се допаѓа повеќе?