Зоки Фаци ги засука ракавите и влезе во теретана – фотографијата што ја објави ги изненади сите
Познатиот водител се подготвува за летото
Ужива во Турција
И додека неговиот колега и пријател Стефан Лазаров руши рекорди со Боки 13 на јутјуб, новинарот Зоран Василевски Фаци ужива во заслужениот одмор во Турција каде што замина неодамна.
Тој од таму објави неколку сториња и фотографии, но сега покажа и дека е решен до лето да се направи „ѕвер“.
Имено, тој најпрво покажа како ужива во Босфорот, но и како вежба во теретаната од хотелот во кој што престојува.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
И додека во позадината се слуша популарниот хит од 90-тите, „I’m Too Sexy“, тој сериозно е посветен на вежбањето.
Очигледно дека коцките во животот полека му се редат, па Фаци сега реши да се посвети и на својот физички изглед.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
Во животот имал најразлични фази, но многумина велат дека никогаш не изгледал подобро од сега.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
Тој објави и неколку други сториеа, а на едното од нив напиша:
„Тешка е борбата со светот, а уште потешка сам со себе“. Но очигледно дека Фаци не се предава и дека ќе ја добие и оваа борба.