Зоки со солзи на очите зборува за она што му се случи на онкологија: „Помагајте луѓе, Бог е голем“ (фото)
Зоки Фаци одлучи да направи хуман гест
Познатиот македонски новинар Зоки Фаци ги изненади своите пријатели и следбеници со последните неколку објави.
Имено, како што самиот соопшти на својот профил на Инстаграм, тој ги дава своите патики што ги има дома на аукција, а парите што ќе ги собере ќе ги донира за лечење на некое дете болно од рак.
Познатиот новинар потоа ја сними својата импозантна колекција во која што има стотина патики од најскапите модели.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
Тој објасни дека до идејата дошол откако на Клиниката за онкологија во Скопје сретнал една мајка со мало дете болно од рак.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
Како што самиот вели за себе, тој е манијак за патики, па во својот дом во плакарите има патики во вредност на Ферари.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
„Која будала сум. Овие не можам да ги износам ни во 15 животи“, вели тој и додава дека шопинг-манијата стварно е болештина на 21 век.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
„Некои од овие патики ги нема облечено ниту еднаш, некои два пати, некои три пати и толку“, додаде тој.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
„Колекцијата се зголемува од ден на ден, будалетина“, вели Зоки во својот стил додека ги снима патиките кои се само дел од она што го има.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
Тој објасни дека планира да ги даде на аукција и дека сите пари што ќе ги собере ќе ги донира на некое детенце болно од рак.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
Тој потоа ја покажа и својата голема колекција очила за сонце кои исто така ќе ги даде во хуманитарни цели, а потоа раскажа и од каде му е идејата да го направи ова.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
И додека зборуваше по гласот му се познаваше дека одвај се воздржува да не пушти солзи пред оние што го следат.
Сабајле бев на онкологија, правев некои испитувања, па да ги земам резултатите од.. тоа! И видов една мајкичка, со детенце, на возраст од некои осум, девет години, исто така болно од канцер.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
Со инфузијата во рака си седеа во ходникот и морав да им пријдам затоа што ми се расплака срцето од она што го видов.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
Наместо тоа дете да оди на школо, детето се бори со најопаката болест која ја имам и јас“, изјави Зоки во видеото.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
Тој потоа додаде дека и земал телефон на мајката и им ветил дека се што може ќе помогне тоа детенце пак да оздрави.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
„Такви луѓе има еден куп. Помагајте луѓе, многу е битно да подадете рака на некој што му треба вистински. Бог е голем и памти“, вели тој на крајот од видеото со кое никого не остави рамнодушен.