Зоки заминa на лекување во Турција, се огласи неговата сестра: „Уште еден брат добро ќе ми дојде“
Прекрaсната вест веднаш се прошири во јавност.
По информацијата дека познатиот водител заминува на лекување во Турција, се огласи и неговата сестра.
Пред извесно време беше отворен бројот за донации за лекувањето на еден од најпопуларните водители кај нас, Зорн Василевски попознат како Зоки Фаци.
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
Веќе долго време невидлив противник на водителот му е канцерот.
Зоки неуморно се бори со овој невидлив пријател и веќе заврши со примањето на хемотерапија.
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
Но, лекувањето не запре овде.
Потребно е да направи трета операција, а истата треба да биде направена во една од најдобрите болници за канцер во Турција.
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
Луѓето со зеднички сили успеаја да ги соберат потребните 15.000 евра за лекувањето на Зоки и тој заминa во Турција.
Апелот за донации на социјалните мрежи го објви неговиот колега и најдобар пријател Стефан Лазаров.
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
По проширувањето на прекрсната вест, се огласи и сестрата на Зоки и јавно му се заблагодари на Лазаров и на добрите луѓе кои помогнаа.