Знакови кои укажуваат дека околу вас имате токсични луѓе

Токсичните луѓе понекогаш ви се поблиску отколку што мислите и можеби не сте ни свесни за тоа колку некој близок од вашата околина не е добар за вас. Треба да ги отстраните овие луѓе од вашиот живот и тоа што е можно побрзо за да се чувствувате подобро и попозитивно.

Во продолжение, ние ќе ви претставиме 10 нивни карактеристики кои ќе ви помогнат лесно да ги разоткриете:

ADVERTISEMENT

Постојано им судат на другите

Ако се дружите со некој кој постојано ги осудува и критикува луѓето околу тебе, тоа може да биде главен предупредувачки знак дека станува збор за токсичен човек, а тоа многу заборува за неговиот карактер.  Имено, со постојаното укажување на недостатоците на другите, секогаш доаѓаат на виделина сопствените несигурности и мани.

НЕ ве слушаат

„Повеќето луѓе не слушаат со намера да разберат, туку со намера да одговорат”. Ова особено се однесува на токсичните луѓе и по ова лесно можете да ги препознаете.

Постојано ве прекинуваат

Не е важно дали зборувате директно со нив или во рамките на некоја екипа, токсичните луѓе секогаш ќе бараат начин да ве спречат да се фокусирате исклучиво на нив. Тие не слушаат што има некој да каже, освен ако не е нешто за нив. И ако никој не зборува за нив, тие ќе продолжат да го прекинуваат разговорот се додека не го постигнат тоа.

Секогаш се негативни

Постојаната негативност е заштитен знак на токсични луѓе. Без разлика дали се жалат или им судат на другите, тие секогаш се во најлошата состојба на умот. Во нивната глава никогаш ништо не оди на добро, а светот е ужасно место, па со таквите ставови им ја црпат енергијата на сите околу нив.

Сакаат да се во центарот на вниманието

Истото важи и тука. Сè што мора да се врти околу нив и ќе направат сé за да бидат во центарот на вниманието.

Никогаш не признаваат дека не се во право

Дури и кога не се во право, тие никогаш нема да го признаат тоа и секогаш вината ќе ја префрлат на некој друг.

Постојано лажат

Токсичен човек секогаш чувствува потреба да лаже во своја корист за да се прикаже дека е многу подобар од сите други. Без разлика дали тоа е мала или голема лага, постојаното лажење на „токсичните“ е голем проблем и главна причина за создавање недоверба кај луѓето.

Секогаш глумат жртва

Еден од начините на кој токсичните личности го привлекуваат вниманието што го бараат е тоа што постојано играат дека тие се жртви, па дури и кога ќе направат нешто погрешно. Токсична личност секогаш ќе ги претвори работите во своја корист и ќе се обиде да ги присили луѓето да ги жалат или да се чувствуваат виновни за тоа што не им помагаат.

Немаат емпатија за другите

Ако знаете некој кој нема емпатија кон другите, тоа може да биде уште еден знак дека во прашање е токсичен човек.

Шират негативни вибрации

Луѓето опкружени со токсични личности не се чувствуваат удобно во нивното друштво, па дури и кога не можат да дефинираат во што е проблемот. Во такви ситуации, најдобро е да се потпрете на вашиот внатрешен инстинкт и да се држите што е можно подалеку од нив.

Фото: unsplash.com
Facebook Comments
(Visited 531 times, 1 visits today)