Пејачката Тамара Тодевска се појави во прекрасно издание на портокаловиот килим на Евровизија.
На официјалниот настан организиран од тимот на Евровизија нашата претставничка се појави во преубава тоалета со долго, волуменизирано здолниште и впечатлив детаљ во горнито дел – тесно, црно сако со куси ракави.
Во прашање е уште една креација од нашиот познат дизајнер Александар Ношпал, а со негов потпис е и зелениот фустан што 33-годишната пејачка го носеше на генералната проба кога ги воодушеви сите со својот настап.
На портокаловиот килим, на свеченоста по повод натпреварот „Песна на Евровизија“ кој се случува во Тел Авив, заедно со Тамара присуствуваа и нејзините придружни вокали Антониа Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев, како и Коста Петров, Роберт Билбилов и Арменд Рамадани.
https://www.instagram.com/p/BxX7fbCnlY0/
Тамара ќе настапи на втората полуфинална вечер која ќе се одржи во четврток (16 мај), а како што истакна неколку пати досега таа вечер ќе пее за нејзината ќерка Хана.
https://www.instagram.com/p/BxX-gRTFOSW/?utm_source=ig_embed
Па, кое од овие две изданија ви се допаѓа повеќе?