Зборовите на Раде Шербеџија го погодија целиот Балкан – еве како се опрости од својата колешка и пријателка, филмската дива Милена Дравиќ

Милена, вели тој сакаше да го прегрне целиот свет, бидејќи само така се чувствувала среќна, а нејзините очи всушност се југословенски филм.

Актерската легенда од југословенските простори Милена Дравиќ не напушти во нејзината 79 година од животот, а нејзиниот колега, актерот Раде Шербеџија откри колку тешко го погоди веста за нејзината смрт.

ADVERTISEMENT

„Две и пол години откако Милена се разболи сите се трудевме да и помогнеме, некако да и ја олесниме болката. Изгубивме божествена и чесна актерка, а пред сé и еден голем и искрен пријател. Тажната вест навистина ме погоди, ќе ми недостасува раскажа“ за 24 часа Раде Шербеџија (72).

Актерот за својата како што вели „целоживотна“ пријателка, напиша и поглавје во неговата монографија.

„Милена беше филмски активистка, секогаш на својата задача. Спремна, одлучна и храбра. Секогаш на страна на слабите и несреќните. Секогаш против неправдата и секогаш против глупоста. И против властите како такви. Како прва хероина знаеше секогаш да застане на страната на својот народ и својата публика“, вели Раде за актерската дива.

Милена како што вели, сакаше да го гушне целиот свет, бидејќи само така се чувствуваше среќна, а нејзините очи всушност се југословенскиот филм.

„Благоста на нашата Милена доаѓаше од нејзината детска игра со животот. Секогаш беше подготвена да си игра, да фантазира и да сонува, со своите дланки го гушкаше секој нов ден и секој нов филм“, истакнува познатиот актер

 

Нејзиното филмско лице трепери во нашите сеќавања. И кога ќе ги затвориме очите илјада мали целулоидни квадратчиња намигнуваат со нејзините сини очи и не ни дава да остарееме. Тоа е вечниот филм кој таа со своето лице ни го подари“, заклучи Шербеџија.

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed