За само една година минус 30 килограми и потполна трансформација – македонската Пинк ѕвездичка некогаш и сега (фото)
Младата и убава пинкова ѕвездичка созреа во вистинска ѕвезда, а изгледа се подобро и подобро.
Кариерата ја започна многу млада, а со својот ангелски глас ја освои Македонија, но и целиот регион.
Иако е млада може да се пофали со неколку хитови, но и два настапи како попатен вокал за а Евровизија.
Антониа Гиговска моментално е една од најпопуларните поп пејачки, но она што најмногу привлекува внимание е нејзината трансформација.
Aнтониа во последно време е доста активна на социјалните мрежи, а оние кои ја следат веќе знаат дека таа направи вистинска трансформација, а сега само го потврди тоа.
Имено таа сподели фотографија со себе си пред една година и сега, па напиша дека за една година ослабела дури 30 килограми.
Упорност, вежбање и здрава исхрана, а резултатите се неверојатни.
Антониа изгледа како светска суперѕвезда и тоа секојдневно го покажува.
Освен тоа таа ја промени и својата коса, односно стави надградба и изгледа неверојатно.
Долга руса коса како на самовила, витко тело и ангелски глас, Антониа едноставно е совршена.