Пред извесно време актерката Лидија Вукиќевиќ потврди и откри дека е во врска со сликар од Италија, кој е десет години помлад и за кого вели дека донел нови убави моменти во нејзиниот живот бидејќи е сличен на неа а тоа и недостасувало.
Момчето влезе во животот на актерката кога таа најмалку очекуваше.
Мајка на два возрасни сина, со години по разводот не посакуваше љубов, ја криеше приватноста од очите на јавноста но овој пат конечно реши да открие дека е среќна и исполнета.
Актерката не можеше да одолее на шармот на уметникот, напротив, целосно му се предаде, а очигледно и тој е целосно маѓепсан од неа.
Според зборовите на пријател близок до заљубениот пар, актерката и сликарот целото слободно време го поминуваат заедно.
Италијанецот наводно често доаѓа во Србија, додека актерката често престојува во Италија, пред се во Венеција, каде остварила и деловна соработка.
Лидија Вукиќевиќ и нејзиното момче секогаш одат надвор од Белград на поегзотични места кога тоа им го дозволува времето.
Минатата година поминаа две недели на југот на Африка, додека летово сосема поинаку го организираа одморот.
Драмската уметница и нејзиното момче решиле да одат на кампување и поставиле шатор во близина на реката Тиса.
Фотографиите кои Лидија ги објавува на Инстаграм докажуваат дека бескрајно ужива во секоја секунда и дека наместо луксузно сместување, повеќе ја сака природата и уживање на мирно место опкружена со зеленило.
– Се гледаме повремено. Сакам љубов на далечина, никогаш не можe да ви биде досадно, секогаш ви е убаво, се сакаме еден со друг и секој пат кога ќе се видиме како да е прв. Кога сте постојано заедно, многу работи излегуваат на површина. Навиката ја убива љубовта. Кога мојот партнер ќе ми стане како брат, време е да заминам. Бидејќи и двајцата сме уметници, многу добро се разбираме. Не размислувам за преселба во Италија, јас сум типична жена за ова поднебје. Живеев со години во Холандија и Турција и сфатив дека најмногу ја сакам Србија, дека овде најмногу ми се допаѓа. Можам да патувам, но секогаш се враќам затоа што тука се чувствувам најдобро – рече таа во интервју за Glory.
– Мојот помлад партнер ми донесе нова радост. Ми требаше некој како мене, не верувам во привлекување на спротивности. Не треба да се смирувам, туку партнерот да ме следи на мојата бранова должина. Кој ќе се обиде да ме спушти на земја, завршува спуштен, многу пониско од мене – рече актерката и додаде:
– Јас сум класична емотивна личност, но со емоциите мора да се управува добро. Се обидувам да не се предадам на секого и неодамна сфатив дека многумина ме гледаат како социјална институција, затоа што можам да слушам, емпатична сум и апсорбирам како сунѓер, што на крајот негативно влијае на мене. Одлучив да направам избор за тоа кога треба да го правам тоа – изјави таа за „Стори“.