За ова издание долго ќе се зборува: Кога Јелена Карлеуша се појави на концертот на Марија сите занемеа
На првиот од четирите концерти кои единствената српска евровизиска победничка ќе ги одржи во Белград, нејзината драга колешка и пријателка се појави во феноменална комбинација. Телото, стилот, фризурата, шминката – се и беше за десетка!
Синоќешниот концерт на Марија Шерифовиќ, кој помина во прекрасна атмосфера, собра голем број почитувачи на нејзината музика и глас, како и голем број нејзини колеги. Меѓу оние кои ја бодреа од првиот ред се појави и Јелена Карлеуша, покрај многуте други познати личности. Јелана и Марија се дружат откако и двете се во жирито на популарното шоу Ѕвездите на Гранд.
Карлеуша, како и секогаш, привлече многу внимание и медиуми, а она што посебно воодушеви е нејзиниопт стил. Пејачкатаза оваа прилика носеше интересен плишан комплет со црна боја кој се состои од кроп-топ со полуролка и долги ракави кој го откриваше нејзиниот совршено извајан стомак и панталони со ѕвонасти ногавици.
Овој изглед го комбинираше со сандали со платформа, а не ги извади ниту темните наочари за сонце. Подеднакво беше интересна нејзината фризура, бидејќи Јелена, како и пред неколку години, повторно покажа како изгледа со розов прелив, додека шминката и беше, иако многу ефектна, умерена и главно во nude тонови.