За Нова година ќе биде јако кај Сузана Гавазова – погледнете ја одблиску ПРАЗНИЧНАТА атмосфера во нејзиниот раскошен дом
Гавазова ја покажа новогодишната магија во нејзиниот дом
Нашите познати личности веќе ги украсија своите домови со новогодишно руво, а една од нив е и нашата позната фолк-пејачка Сузана Гавазова.
Пејачката објави видео во рамките на своите „Инстаграм приказни“ од кое можеме да видиме дека големата елка во нејзиниот дом е украсена со светки и лампиони во сите бои на кои најмногу им се радуваат нејзините ќерки.
Сепак, Гавазова не би била Гавазова ако на Инстаграм не објави и фотографија или видео на кое позира во некое интересно издание, а овој пат тоа го направи во тоалетот во својот дом каде позираше во тесна црно издание, со големи златни обетки и кармин во страсна црвена боја.
Таа претходните денови ги изненади фановите и со своите „пикантни“ танцувања пред камерите, а како изгледа кога ќе се опушти и ќе заигра како „султанка“, потсетете се од фотографиите во продолжение.
Инаку, Сузана е во брак со Јасмин Курузовиќ од 2014 година, кога направија голема свадба на која пееше и Шабан Шаулиќ, а пред неколку години решија да се вратат во Македонија каде пејачката ја продолжи својата музичка кариера.
Тие од нивниот брак ги имаат ќерките Емили и Селена, а пред да се вратат во нашата земја живееја во Шведска.
Но по шест години живот во странство, пејачката и нејзиниот сопруг решија да се вратат во Македонија.
Гавазова која има свој стан во родната Струмица, откако се врати во Македонија, живее во Скопје.
Таа со Јасмин ќе се запознае за време на нејзина турнеја во Шведска, а по само еден месец дружба, тој толку ќе се вљуби во неа што ќе реши да ја побара за жена.
Таа се согласи, а некое време откако се свршија ги добија и нивните ќеркички Емили и Селена.
Гавазова имаше ветувачка кариера пред да замине да живее кај сопругот, а откако се врати продолжи таму кај што застана. Таа денес важи за една од најпопуларните пејачки во Македонија, а нејзините песни се меѓу најслушаните како на социјалните мрежи така и меѓу луѓето, на свадби и веселби.
Како изгледа нејзиниот нов дом, но и каков стил „фура“ во последно време, погледнете во продолжение.