За едни кралица, за други катастрофа – што мислите вие за ова издание на Џенифер Лопез?

ADVERTISEMENT

Американската пејачка и актерка, Џенифер Лопез, секогаш изгледа беспрекорно на црвениот килим.

Фото: Getty Images

Таа е кралица на модните изданија на Греми наградите, а тоа досега безброј пати сме можеле да го видиме.

И откако се појави во фустанот Версаче во 2000 година, на доделувањето на годишните награди за извонредни придонеси за американската музика и дискографија, таа влезе во легендите.

ADVERTISEMENT

Фото: Getty Images

Американската пејачка и актерка речиси секогаш избира провокативни изданија кои најдобро ја истакнуваат нејзината склоност кон експериментирањето со модата, но и нејзиното извајано тело. Токму и затоа многумина беа изненадени од изборот на овој „конзервативен” фустан од новата колекција од Ралф и Русо за пролет / лето 2019.

Фото: Getty Images

Во прашање е долг вечерен фустан без ракави кој го носеше со необичен бел шешир, кој на целиот изглед му даде „каубојски” сенс, а целото издание го заокружи со високи потпетици, бела чанта и впечатлив накит.

Фото: Getty Images

Ваквото издание на американската пејачка и актерка ја подели јавноста. Додека некои модни експерти тврдат дека ова е една од најлошите модни комбинација на овогодинешниот Греми, но и на Џенифер Лопез воопшто, нејзините обожаватели се восхитуваат и на овој „каубојски“ моден стил.

ADVERTISEMENT

Фото: Getty Images

Па што мислите вие – дали ова издание на Џенифер е погодок или промашување?

Facebook Comments
(Visited 574 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT