„За да успееш мора да бидеш ѓубре, и тоа едноставно е факт“

Најубавите мисли на Џон Ленон за љубовта и животот:

Среќа е она што го чувствуваш кога не се чувствуваш бедно.

ADVERTISEMENT

Музиката е сечија сопственост. Само издавачите на плочи мислат дека луѓето ја поседуваат музиката.

По обичај, голема жена се крие зад секој идиот.

Нашето општество го водат пореметени луѓе за пореметни цели. Ми се чини дека нè водат манијаци за манијакални цели и ми се чини дека можат да ме остранат под изговор дека сум луд што го зборувам тоа. А токму тоа е најлудо во врска со ова.

Ако си уживал во потрошеното време, тогаш тоа време не е залудно потрошено.

Сонот кој го сонуваш сам е само сон. Сонот кој го сонувате заедно е стварност.

Стварноста ѝ остава многу простор на фантазијата.

Постојат две главни мотивациони сили: страв и љубов. Кога се плашиме, се оддалечуваме од животот. Кога сме заљубени, се отвораме кон сето она што ни го носи животот. Важно е прво да научиме да се сакаме себеси. Ако не знаеме да се сакаме себеси, не можат да нè сакаат ни другите.

Ако некој мисли дека љубовта и мирот се клишеа заостанати од 60-те години, тоа е негов проблем. Љубовта и мирот се вечни.

Facebook Comments
(Visited 2.011 times, 1 visits today)
Loading...