Наши ѕвезди

За вас плаче мајка Егејска, за вас плаче Македонија – македонска песна ечи на сиот глас сред Солун

Еве како се забавуваат Македонците од Егејска Македонија

Advertisement

Младиот пејач повторно ги воодушеви сите

Младиот пејач од Струга, Методија Столески, овој пат ги воодушеви своите фанови со видео снимено во Солун.

Advertisement

Од видеото може да видиме како тој свири на хармоника и пее позната македонска патриотска песна сред Солун, опкружен со Македонци од Егејска Македонија. И како што пишува во самиот опис на видеото, станува збор за Патриотско друштво кое на овој начин го прослави денот на формирањето на ВМРО, а како сето тоа изгледаше во живо, погледнете од видеото на крајот од текстот.

Фејсбук/ Методија Столески

Потсетуваме, Методија Столески е млад пејач со потекло од Струга кој со својот талент и глас никого не остава рамнодушен.

Advertisement

Фејсбук/ Методија Столески

Неколку пати се има појавено и во емисијата „Мерак меана“, а негова песна е и Крв македонска со која настапи на Гоце фест 2022.

Фејсбук/ Методија Столески

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button