Поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп, речиси целосно се повлече од очите на јавноста.
фото инстаграм/Меланија Трамп
По завршувањето на мандатот на нејзиниот сопруг Доналд Трамп, таа ја напушти Белата куќа, а денес живее мирен живот .
фото инстаграм/Меланија Трамп
Како што пренесуваат медиумите, нејзината најважна мисија во моментов е потрагата по факултет на кој ќе се запише нејзиниот 17-годишен син Барон.
фото инстаграм/Меланија Трамп
За разлика од поранешните први дами, таа не пишува книга и не планира да се занимава со хуманитарна работа.
фото инстаграм/Меланија Трамп
Меланија секогаш била повлечена и никогаш немала голема група блиски пријатели. Како што пишува „Њујорк тајмс“, таа денес живее мирен живот со мал круг на луѓе, синот родителите и неколку блиски пријатели.
фото инстаграм/Меланија Трамп
Меланија Трамп ги посетува своите фризери, се консултира со својот долгогодишен стилист Ерве Пјер, а понекогаш излегува со сопругот во некој од нивните клубови во петок навечер.
фото инстаграм/Меланија Трамп
Нејзината најголема желба е да го има она што го немала во Белата куќа – чувство на приватност. Додека Трамп се соочува со трето обвинение, Меланија молчи за оваа правна закана.
фото инстаграм/Меланија Трамп
Таа ја поддржа неговата кандидатура за нов мандат, но не се огласи на оваа тема до мај.
фото инстаграм/Меланија Трамп
„Тој ја има мојата поддршка и со нетрпение очекуваме да ја вратиме надежта во иднината и да ја водиме Америка со љубов и сила“, изјави таа тогаш за Fox News Digital.
фото инстаграм/Меланија Трамп
Таа во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека размислува да има втора шанса да биде прва дама и нагласи дека по втор пат „ќе им даде приоритет на благосостојбата и развојот на децата“.
фото инстаграм/Меланија Трамп