Овој младоженец стана хит на Интернет: Застана пред олтар и извади 100 евра за да ја „поткупи“ невестата (видео)

Младоженецот Зоран Пешиќ со својот потег на свадбата стана хит на социјалните мрежи.

Тој е од  Ниш, а  на Твитер сподели видео на кое стои пред олтарот со неговата сегашна сопруга Марија, која ја „поткупил“ за да му го каже судбоносното „да“.

Откако беше запрашана дали го зема Зоран како сопруг, Марија кратко се двоумеше, а тој тогаш од задниот џеб извади  100 евра и и ги подаде, а таа веднаш рече: „Јас го земам“.

ADVERTISEMENT

Зоран сподели видео на тој хумористичен момент на својот профил на Твитер, со совети за идните младоженци. „Секогаш имај в џеб од 100 евра за„ не дај Боже “, напиша тој во објавата која воолдушеви повеќе од 2.200 луѓе воодушевени од неговиот потег.

Facebook Comments
(Visited 274 times, 1 visits today)