Започна веганската бјути револуција

Се предвидува дека до 2025 година, веганскиот мејк-ап бизнис ќе чини околу 20,8 милијарди долари.

Во вашата маскара најверојатно има риба, и во карминот смачкани бубачки, додека вашиот омилен балсам е направен од масти од овча волна, но тестирањето врз животни е толку често што тешко е дури и да се измери. Козметичките производи од животинско потекло се користат од времето оди на Клеопатра, но изгледа дека трендот се менува во последно време.

ADVERTISEMENT

Сите знаци укажуваат на вегетаријанска револуција во светот на козметиката. Еве и зошто.

Се предвидува дека до 2025 година, веганската козметика како бизнис ќе достигне вредност од околу 20,8 милијарди долари. Иако се смета за најголем тренд на убавина за 2019 година, целата приказна започна уште пред три години. Kat Von D во 2016 најавија дека ќе ги променат сите нивната формули како би станале вегански, а во 2018 „Milk Makeup“ мораше да ја промени формулата на неколку производи, со цел да може да тврди дека нивниот бренд е сто проценти од состојки кои не се од животинско потекло. И познатиот козметички бренд „Dove“, исто така, доби сертификат PETA-in cruelty-free и секој ден се зголемува бројот на брендови кои се приклучуваат на овој тренд.

Не е изненадување и тоа што од 2020 година сите козметички состојки кои се тестираат на животни ќе бидат илегални во Калифорнија.

 

 

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed