Реклама
Вирално

Запознајте ја Сара, таа деноноќно работи на Оксфорд вакцината, најуспешната досега против коронавирусот

Реклама

Таа е водечка жена во Британија во трката да се спаси светот од коронавирусот. Таа ја има најодговорната работа на која чека цела планета.

Сара Гилберт (58) е мајка на тројка но и брилијатен професор по вакцинологија на Универзитетот Оксфорд чиј тим е водечки во изнаоѓањето на вакцина против ковид-19. Ако се покаже како успешно нивното достигнување сигурно ќе добијат Нобелова награда.

Маркетинг

Професор Гилберт покажа исклучителна академска успешност уште во раните години, како средношколец заинтересиран за наука во Кетеринг Средното училиште. Нејзините родители, таткото Клифорд бил сметководител, а мајката Хејзел учителка по глума. Од нив Сара ја наследила љубовта кој музиката, свирела обоа во училишниот оркестар.

Родителите на Сара биле амбициозни, но не го познавале добро академскиот процес, аплицирањето на универзитет кој на времето подразбирал и полагање посебен испит за Оксбриџ.

Маркетинг

Самата дознала како е процедурата кога средношколки од средна класа ќе се обидат да дојдат до престижните универзитети Оксфорд и Кембриџ.

„Се сеќавам дека имав инспиративна професорка по биологија, Мис Слејтер но другите предмети не ми беа одлични. Во 1989 година, студирав на Универзитетот Источна Ангија и тоа биологија. Моите деца, ќерките Сузана и Кејтлин пак на Оксфорд како и синот Фреди на Бат, студираат биохемија. Тие како експерментални 21-годишни млади учествуваат во истражувањето на вакцини“, вели гордата мајка.

Во 1994 година, Сара се запишала на Оксфорд, обезбедувајќи си место за доктор работејќи на вакцина против маларија.

Таа и нејзиниот сопруг, исто така научник Роб Блундел, се соочиле со тешка одлука во наредните години таа да се породи предвреме со тројката. Таа на докторски студии сметала дека сите пари за докторатот ќе и одат за бејбиситерки на трите деца, и тогаш нејзиниот сопруг ја направил големата жртва, својата кариера ја оставил на сметка Сара да напредува во кариерата, а тој да ги чува децата.

Таа сега е главна во истражувањето на ковид-19 вакцината и очигледно е пред најголемиот предизвик. Станува во 4 часот наутро, вози велосипед до работа и не се враќа дома пред 20 часот вечерта.

„Мојот сопруг е задолжен за купување и за готвење. Јас си доаѓам дома и храната ме чека. Немам енергија самата да готвам откако ќе се вратам од работа. Потрагата по ковид-19 вакцина ме прогонува“, вели таа.

„Ова е тоа за што размислувам и што планирам. Добро е што имаме фондови и што сега работата оди брзо со посакуваната брзина“, вели таа.

Нејзиниот брат Том кој е менаџер на хотел вели дека неговата сестра од самиот почеток имала капациет да студира на Оксфорд или Кембриџ. Но не доби таква шанса и вистина е штета поради тоа. Но видете ја сега. Таа и нејзиниот тим едноставно ќе го спасат светот, сите нас и економијата ако ова е ефикасно.

Том само жали што неговите родители, не се живи за да можат да посведочат во нејзиниот успех и не можат да видат што таа сега работи.

„Знам дека моите родители беа многу горди кога таа дипломираше, и уште повеќе кога стана професор на Оксфорд. Сега уште малку, нас сите ќе не направи посегно горди“, вели тој.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button