Замина во пензија еден од највеселите ликови на македонската сцена, актерот Раде Рогожаров!
Беше и остана еден од најпозитивните ликови на нашата јавна сцена, жива легенда!
Пред неколку дена замина во пензија еден од најпознатите штипски, но и македонски актери, легендарниот Раде Рогожаров.
Публиката низ годините можеше да го гледа низ бројни претстави, но и во најразлични други проекти.
Покрај тоа што беше актер, тој беше и водител, шоумен, музичар, а малкумина знаат дека во младоста се занимавал и со атлетика на што се присети во неговото последно интервју за телевизија „Стар“.
Принтскрин/ Фејсбук, ТВ Стар
Тој е роден во Штип во 1960 година, а дипломира на Факултетот за Драмски уметности во Скопје во класата на проф. Владимир Милчин.
Принтскрин/ Фејсбук, ТВ Стар
Се пензионираше како вработен во Народен театар Штип, каде се вработи веднаш по дипломирањето, во 1988 година.
Принтскрин/ Јутјуб, Суперхикс
Во својата долгогодишна кариера како театарски, филмски и телевизиски актер добитник е на голем број награди.
Беше дел од екипата на култните детски емисии „Бушава азбука“ и „Во светот на бајките“ кои беа хит во 80-тите и 90-тите.
Принтскрин/ Јутјуб, Суперхикс
На филмското платно за прв пат се појавува во филмот „Среќна нова 49-та“, а беше водител и на бројни ТВ емисии.
Принтскрин/ Јутјуб, Суперхикс
Познатиот македонски бенд „Суперхис“ ќе објави песна посветена на актерот, „Еј, Раде“, која ќе доживее неверојатен успех.
Во спотот за песната во главната улога е самиот Раде, а како изгледаше актерот тогаш, потсетете се во продолжение…