Реклама
Наши ѕвезди

Замина без ниедно кажано „дедо” од внуците: Ќерката на Гоце Арнаудов ги трогна сите со оваа објава

Да беше жив ќе наполнеше 70 години.

Реклама

Ќерката на легендарниот Гоце Араудов ги расплака сите со оваа објава.

Традиционално секоја година, за секој важен датум поврзан со Гоце Арнаудов, на социјалните мрежи се огласува неговата ќерка Харита.

ФОТО: Фејсбук

Ненадминливиот Гоце Арнаудов остави траен белег на македонската музичка сцена.

Маркетинг

Од овој свет си замина во 2011 година, но остана да живее преку своите песни и во срцата на оние кои го сакаат.

Маркетинг
ФОТО: Фејсбук

Долги години беше во брак со Силвија, со која ги има ќерката Харита и синот Оскар.

Популарната пејачка Кристина Арнаудова е неговата вонбрачна ќерка, а нивниот однос беше исполнет со турбулеции.

ФОТО: Фејсбук / Харита Арнаудова

На големиот празник Преображение Христово роденден славеше и Арнаудов, па по тој повод на Фејсбук се огласи Харита:

„По навика, денес е среќен ден, Господов празник и татков роденден…

70ти ќе беше… и верувам конечно ќе се помиреше со секое бело влакно и немаше да и се налутиш на новата брчка и ќе се радуваше на секое кажано “дедо”… Верувам, ќе прифатеше сѐ од што тогаш се плашеше…“, започна Харита:

ФОТО: Фејсбук / Харита Арнаудова

„И камо да ги доживеевме заедно тие 70, со сите твои слабости и мани, со сета твоја позитива и енергија, со песната и смеата, тагата, лутината, хуморот, сатирата… со сѐ што е твое и сѐ што е од тебе и сѐ што си ти…

Но замина… без ниедно седо влакно во косите, без ниедно кажано “дедо” од внуците, со сеуште младешки сјај во очите и она детското во тебе кое никогаш не излезе…

Преображение е денес Господово, се појавил Господ во сета Негова слава на Тавор… не држи Тој нас и денес е овде… Овде сме и ние, со нови радости и искушенија, но благодарни на секој нов ден… И на овој 70ти роденден ќе ги запееме песните твои и ќе бидеме благодарни за сѐ што имавме со тебе и за сѐ доживеано после тебе“, напиша ќерката на пејачот.

ФОТО: Фејсбук / Харита Арнаудова

ФОТО: Фејсбук / Харита Арнаудова

ФОТО: Фејсбук / Харита Арнаудова

ФОТО: Фејсбук / Харита Арнаудова

ФОТО: Фејсбук / Харита Арнаудова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button