Приказната за штрковите од Хрватска, Малена и Клепетан ги воодушевуваше луѓето ширум светот.
Колкава беше неговата љубов кон неа докажува и фактот што секоја година прелетува 14.000 километри за да и се врати на Малена.Пред 24 години во источна Хрватска, тогашниот домар на основно училиште Стјепан, ја нашол Малена повредена покрај автопат.Таа заради повредата на крилјата веќе 24 години не може да оди со својот вид во Јужна Африка, па наместо тоа останува во Хрватска и чека да дојде пролетта.
Малена секогаш го чекаше во гнездото, затоа што е познато дека штрковите се животни кои живеат со еден партнер до крајот на животот. Клепетан во Бродски Варош се вратил на 18 март, што било порано од вообичаено, но не за да остане во својата Малена преку летото, туку да се поздрави со неа. Стјепан Вокиќ, објаснува дека неговиот Клепо дошол во гнездото стар и бoлeн.
-Штркови дојдоа кај мајката на даската и три-четири часа тaжно штракаа со клуновите. Тогаш знаев дека Клепо замина на другиот свет.. Знаете како велат, птиците си заминуваа пеејќи. Малена порасна 66 млади, вели Вокиќ.
Стјепан ја поминал цела околина во потрага во Клепетан откако тој се поздравил во Малена, но не успеал да го најде. Тогаш му било јасно дека тој си змаинла од овој свет.