ЗАБОРАВЕНА ОД СИТЕ, сопругата на Гоце Арнаудов не зема ниту пензија од нејзиниот маж – децата ѝ ги плаќаат сметките

Не постои Македонец кој не знае некоја од неговите песни, не постои веселба која може да помине без неговата музика, остави трајни вредности, остави стихови кои секогаш ќе ја отсликуваат македонската судбина. Пејачот кој никогаш нема да биде заборавен.

ФОТО: Фан страна Гоце Арнаудов / Фејсбук

Фолк пејачот Гоце Арнаудов беше едњн од најдобрите и најуспешните македонски пејачи.

Гоце Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1954 година. Тој уште на десет годишна возраст почнал да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование ја формирал групата „Крик“, со која настапувале низ цела поранешна Југославија. Гоце во Македонија се вратил во 1993 година и за кратко време ги освоил симпатиите и признанијата на својата публика и на музичката критика и каде и да учествувал предизвикувал еуфорија, а на сите фестивали ги освојувал првите места.

ФОТО: Фан страна Гоце Арнаудов / Фејсбук

Во 1994 година на Фолк фест Валандово со песната „Дали чекаш стара мајчице“ ги освоил сите можни награди и веќе дваесет години таа песна е меѓу омилените песни во македонскиот фолклор. Гоце Арнаудов има напишано над 200 песни, учествувал на стотина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место.

Во рамките на пет години бил прогласуван за најпопуларната личност на Македонија. Учествата на фестивалот Фолк фест Валандово му донесле 22 награди, а неговите песни многу пати ги имаат добиено наградите на публиката и на телевизискиот аудиториум. Неколку пати станал сопственик на наградата за интерпретација на најголемиот пејач „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце фест“.

ФОТО: Фан страна Гоце Арнаудов / Фејсбук

Гоце Арнаудов зад себе остави ризница хитови како „Огин и пламен“, „Ај да беше стрела песната“, „Дали чекаш стара мајчице“, „Штом ноќта помине“… и многу други.

Често настапувал и во дијаспората, а учествувал и на голем број добротворни концерти.

ФОТО: Фан страна Гоце Арнаудов / Фејсбук

Освен одличен во својата професија, тој беше и сопруг на Силвиј, а татко на Харита, синот Оскар и познатата македонсла пејачка Кристина Арнаудова.

Кристина го наследи неговиот талент за музика и е единствената од децата која ги следи неговите стапки. Но, она што никогаш не го криеше од јавноста беше дека не е во добри односи со него.

ФОТО: Кристина Арнаудова / Фејсбук

Таа е негово вонбрачно дете. Во едно од своите интервјуа има кажано дека нејзината мајка ја родила кога имала 19 години и е најзаслужна што останала да расте со неа, бидејќи целото семејство инсистирано Кристина да биде дадена во дом.

Таа сепак не чувствува гнев. Често изјавуваше дека татко ѝ е најдобар пејач во својата бранша. Кога пејачот почина таа рече дека жали што никогаш не го испеале дуетот за кој долго се договарале. Дека крвта не е вода, докажуваат и нејзините објави на социјалните мрежи, посветени на нејзиниот татко.

ФОТО: Кристина Арнаудова / Фејсбук

– Нема да бидеш заборавен. Не познавав никој со толкава љубов и страст за музиката. Како да живееше само за мигот кога микрофонот ќе го земеше в рака. Никој повеќе нема вака да пее. И тоа вечно ќе ни недостига… Вечна слава. Легендите засекогаш живеат -­ напиша Арнаудова за својот татко.

ФОТО: Кристина Арнаудова / Фејсбук

Таа не пропушта ниту една годишнина од неговата сmрт да напише емотивен статус за него.

-Вечна ти слава… Македонија треба да биде горда дека имала ваков син. И да не заборава!… Никој повеќе нема така да запее. Недостигаш, напиша Кристина на Фејсбук.

Кристина е во добри односи со својата сестра Харита, која пак има само убави спомени поврзани за нејзиниот татко. Оскар е единствениот син на Гоце, кој никогаш не се експонирал во јавноста.

ФОТО: Фан страна Гоце Арнаудов / Фејсбук

Харита често на социјалните мрежи пишува статуси за пејачот преку кои споделува и приватни моменти кои никој не ги знаел.

-Ги пееме неговите песни, иако тој немаше конкретна, немаше омилена, бидејќи си ги сакаше сите. Кога некогаш ќе сакам некоја песна да споделам не можам да се одлучам која, бидејки и самиот не ги одвојуваше, туку си ги сакаше. Испеал доволно за секоја пригода и да се слушаат за навек.

ФОТО: Харита Арнаудова / Фејсбук

 

Јас едно време се чудев кога со Блага Петреска ја испејаа во дует „Да се вратат чедата“, некако не ми беше убава. Ама денес кога ја слушам плачам, иако е испеана пред 20 години, важи токму за сега, бидејќи се живо си замина од тука. По 20 години дојде да го живееме тоа што го испејаа. Кога ја слушам се ежам. Јас на ќерка ми Каја и ги пеам песните, што тој мене ми ги пееше како помала. Знаеше да ме гушне и да ми ги запее „Злато си ми ти“ и „Ми требаш ко вода ко леб“. Затоа сега јас тоа истото и го правам на Каја. Многу си ги сакам овие две песни, постојано пред испит си ги пуштав да ми носат среќа, вели Харита, во интервју за „ММС.мк“

ФОТО: Харита Арнаудова / Фејсбук

Неговата сопруга пак, Силвија Арнаудова, која што живее во Струмица е разочарана од третманот кој таа го добива по заминувањето на Гоце од овој свет. Вели дека воопшто никој не е ангажиран да види како живее таа и неговото семејство. Таа целиот свој живот го има посветено на пејачот и нивните две деца. Не се ни трудела да изгради своја кариера затоа што му била максимална поддршка на пејачот, а морала да биде и мајка и татко поради неговите чести отсуства и концерти надвор од земјава.

ФОТО: Принтскрин

Но, денес таа не добива никаква пензија од државата, а нема никакво работно искуство зад себе, ниту пак е во години да го стекнува. Вели дека финансиски за неа се грижат нејзините деца, но не треба да биде така затоа што државата треба да се погрижи за семејството на најголемиот амбасадор на македонската песна и голем патриот.
Таа додава дека не е од оние кои што сакаат да бидат сожалувани, не сака да бара од никого ништо, отсекогаш била достоинствена.

ФОТО: Принтскрин

Жално е што сите ветувања кои ги добила биле само лажни зборови. Жално е што семејството на Гоце е заборавено. Жално е што се заборава неговото дело. Силвија добива само потапкувања по рамо и ништо повеќе.

Според неа, таа е во години кога заслужува да има мирен живот, а не да го чека секој нов ден со неизвесност.

ФОТО: Принтскрин

– Мислам дека имаме надлежни институции кои што треба да го решат тоа прашање и без самата јас да реагирам и да барам нешто. Но доколку тие сметаат дека семејството на Гоце не заслужува ништо по неговата смрт, дека јас треба да живеам без пензија и да се снаоѓам како што знам и умеам, така нека биде.

Оставам на свеста и совеста на надлежните. Не ги адресирам моите зборови до никого конкретно, ниту до Минитерство за култура, ниту до власта, оставам само на совеста на нашата Македонија која што мојот сопруг ја носеше во срцето – вели Арнаудова за Фокус.

ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Фан страна Гоце Арнаудов / Фејсбук
ФОТО: Фан страна Гоце Арнаудов / Фејсбук
ФОТО: Фан страна Гоце Арнаудов / Фејсбук
ФОТО: Фан страна Гоце Арнаудов / Фејсбук
(Visited 5.405 times, 7 visits today)