Жив сум дечки, како по обичај, кога ќе умрам ќе објавам на стори – ИГОР ЏАМБАЗОВ
Најголемата македонска ѕвезда, легендарниот актер, музичар, шоумен, ѕвездата од нашата сцена не остана рамнодушен на оваа глупост.
„Почивај во мир легендо“ ваква објава со фотографија на Игор Џамбазов, се појави на социјалните мрежи, откако некој ФБ- профил под име КЕРБЕР.мк, добро си поигра со чувствата на народот, но пред се на семјеството и на најблиските на Игор.
Неговата најблиска пријателка и колешка, Весна Петрушевска,, веднаш распали:
„Толку многу правиме за оваа Македонија, не нè заслужувате. Болни умови“, напиша Петрушевска.
Најголемата македонска ѕвезда, легендарниот, актер, музичар, шоумен, ѕвездата од нашата сцена не остана рамнодушен на оваа глупост.
До Џамабазов стигнала објавата, па тој ја сподели и напиша:
Ќе почекаш пријателе за умирачка е рано, само што изедов два чизкејка, тешко дека бргу ќе се умира, напиша Џмбазов на Инстаграм
На тоа доддаде и уште нешто:
Жив сум луѓе, како по обичај.Кога ќе умрам ќе објавам на стори – напиша тој.
На фејсбук профилот КЕРБЕР.мк , утринава ја нема таа објава, но иам друга објава споделена од „МЕРЛИН“.
Ни замина Игор во својата викендица во Дојран, сигурно ќе остане цела зима.