Коко Шанел била прогласена за една од 100-те највлијателни луѓе во 20-от век според магазинот Тајм и мораме да признаеме дека оваа иконска француска модна дизајнерка има многу да каже за животот.
Живееш само еднаш, подобро е да биде вредно и запаметено.
Жената која ја крати нејзината коса, сака да го промени животот.
Природата ти го дава лицето кое го имаш на 20 години, но од тебе зависи какво ќе ти биде на 50 години.
Постои време за работа и време за љубов. Нема друго време.
Најдобрите работи се бесплатни, сите останати се прескапи.
За да бидете незаменливи, мора да бидете различни.
Најголемиот предизвик е да размислуваш за себе. Гласно!
Добра жена со добри чевли никогаш не може да биде грда.
Облекувај се како денес да треба да се сретнеш со твојот најголем непријател.
Пред да излезеш од домот, погледни се во огледалото и извади еден додаток.