Живееше со шолја ориз, со едно евро во џебот и постојано и велеа дека НЕМА да успее – денес кога ќе се појави на црвениот килим, сите гледаат во неа

На забавата на шпанскиот Вог се појавија бројни познати дами

Меѓу нив во центарот на вниманието беше Русинката Ирина Шајк која беше облечена како никогаш порано во креација во силна виолетова нијанса. Атрактивната 32 годишна манекенка со фустанот носеше сандали со ременчиња околу зглобовите во иста нијанса, а целата комбинација ја „разби“ со интересни модни додатоци како на пример малата чанта со леопард дезен кој според модните критичари е следниот голем тренд.

ADVERTISEMENT

„Немав никаква претстава за тоа како изгледа моделингот. Само мислев на тоа дека можеби ќе снимам некој каталог и ќе му помогнам на моето семејство. Воопшто не зборував англиски. Живеев во мал стан во Париз, кој го делев со други девојки. Имавме по 40 евра неделно за трошење, во недела ќе го делевме оризот бидејќи немавме повеќе пари за трошење. Во понеделник наутро со метро и со едно евро во џеб ќе одевме до агенцијата како би добиле она што ни следуваше за следната недела“, раскажува Русинката.

„Беше тешко, но забавно време. Другите модели ми се смееја – ми зборуваа дека воопшто не изгледам како манекенка. Не бев супер слаба, имав поголеми гради, потемна кожа… Секој пат на кастинзите бев одбивана, бидејќи едноставно не можеше да ме собере во премалата облека. Сега, кога ќе се вратам во Париз, имам свој возач и сместена сум во најлуксузните хотели во градот“, заклучи оваа дама.

 

 

 

 

 

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed