Жените ширум светот „полудеа“ по овој модел костим за капење – за само неколку секунди ЌЕ изгледате послабо и неодоливо

Костимите за капење со нов гламурозен детаљ

Последниот моден тренд што стана мошне популарен меѓу жените е повеќе од интересен. Имено, моделот на костим за капење кој е со ремен околу половината покрај тоа што изгледа мошне елегантно и женствено, помага и да добиете потенка половина.

ADVERTISEMENT

Да, едноделните модели на костими за капење кои се хит оваа сезона се украсени со ремен околу половината кои создаваат илузија на потенка половина што ја постигнувате за само неколку секунди.

Овој модел не враќа во златната ера на шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век, па со нив ќе го постигнете и оној неодолив „винтиџ“ шарм и ќе изгледате многу попривлечно на плажа или базен.

Трендот подеднакво им стои и на жените со облини и на оние со послаба форма на телото, а најдобар пример се познатите дами кои веќе го „фураа“ овој модел на костим за капење и се пофалија со својот ретро изглед.

Facebook Comments
(Visited 263 times, 1 visits today)