Жена Јарец – Пред оваа дама сите мажи паѓаат на колена

Иако е делува како ледена кралица таа во суштина е една многу нежна и топла жена, која не чувствува потреба да им го покаже тоа свое лице на луѓето, освен ако нема проклето добра причина за тоа.

Секогаш има високи стандарди, па наместо да верувате дека таа ќе „падне“ на вашиот шарм, треба навистина да се потрудите да го освоите нејзиното срце, за таа да ви дозволи да јa видите нејзината внатрешност.

Жената Јарец е подготвена да направи сѐ  што е во нејзина моќ за оние кои го сака, но мажот кој го има избрано мора да ги исполнува нејзините потреби.

ADVERTISEMENT

Жените родени во овој знак иако имаат проблеми да ги покажат своите вистински емоции, спаѓаат во оние емотивни личности и често паѓаат во длабоки и темни нерасположенија поради нивните чувства. Жената Јарец мрази неискреност од дното на душата, а ако почувствува дека е излажана, не губи време, туку веднаш ги прекинува нештата.

Тие  имаат физичко држење како гламурозни припаднички на елитните слоеви, а гардеробата во овој случај има споредна улога. Жените Јарци пленат со природната убавина, се облекуваат класично и едноставно, а што се однесува до боите, никогаш нема да ги видите во нешто шарено затоа што тоа е премногу кич за нивен вкус.

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed