Жена од САД го уби својот маж така што седна на него и го згмечи!

Жена од Пенсилванија во САД беше обвинета за убиство на нејзиниот партнер затоа што седнала на него и го згмечила.

Винди Томас најпрво со нож и со нозете од масата го нападнала нејзиното момче Кен Батлер, а потоа седнала на него и му го здробила градниот кош, пишува локалниот портал „Go Erie“. Убиството се случило на 18 март во нивниот стан.

ADVERTISEMENT

Таа е потешка од него цели 76 килограми. Имено, Томас има 130 килограми, додека Батлер имаше само 54 килограми.

Според соопштението од полицијата, 44-годишниот Томас бил пијан за време на убиството. Пред да седне на Батлер и да го згмечи, го прободела со нож во раката и го удирала со ногалка од масата. Таа ја повикала полицијата и признала дека го убила. Сега ѝ се заканува 36 години затвор

 

„Тоа едноставно мораше да случи, сите го очекувавме тоа. Двајцата живееја во мојата куќа и често и повторував дека не смее да го прави тоа бидејќи ќе го убие”, вели сестрата на починатиот Сандра Батлер, додавајќи дека врската помеѓу Томас и Батлер беше бурна и полн со конфликти.

Нејзиното судење започнува на 10 декември, а Томас може да добие и до 36 години затвор.

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed