Манекенката позираше со ќеркичката, но ги налути фановите
Имено, манекенката и сопруга на еден од најпосакуваните мажи на светот, Џон Леџенд, Криси Тајген (34), ги изнервира следбениците на социјалните мрежи затоа што објави фотографија на која не носи долна облека.
Криси објави фотографија на која ќерката ја шминка, а ја критикуваа што се гледа дека не носи долна облека и во преден план се голите нозе.
„Мојата стилистка“, напиша Криси во коментарите, а бидејќи ова не и е прв пат разголена да се појави на Инстаграм, изнервира многумина.
„Дали ти некогаш носиш долна облека?“ ја праша една корисничка на социјалните мрежи.
Инаку, пејачот Џон Леџенд беше прогласен за најсекси маж на планетата според магазинот „People“, а на оваа ласкава титула неговата сопруга коментираше со следнава реченица.
„Мојата тајна е откриена – отсекогаш сум сакала да го однесам во креветот првиот од листата на најпосакуваните. И го направив тоа!“ напиша манекенката која со него има две деца.
Тие се во среќен брак од 2013 година.