Кога ќе влезете во јавниот тоалет, секогаш гледате мал знак на вратата што покажува дали е наменет за мажи или жени. Овие ликови се разликуваат по многу критериуми, но најчесто од облеката што ја носат.
Додека машкиот знак „носи” панталони, женскиот знак „носи” фустан, кој сега може да биде малку застарен и ограничен. Аксософт од Аризона, како дел од кампањата која сака да ги изедначи мажите и жените во одредени „машки занимања”, ја донела идејата за нов женски тоалетски знак и ја презентираше на конференцијата „Девојки во техника”.
Тања Китан од Аксософт тврди дека триаголникот што претставувал фустан на женскиот тоалет, всушност, никогаш не бил наменет да биде фустан. Тие го трансформираа фустанот во наметка на новиот знак, и на тој начин велат дека жените можат да бидат суперхерои.
„Во науката, технологијата, уметноста, математиката, политиката, улиците и во нашите домови, жените се често невидливи, непроменети или едноставно заобиколени. Девојките и жените кои се заинтересирани за наука, технологија, механика и математика се малцинство”, велат од компанијата.
ICMYI, #ItWasNeverADress campaign by @axosoft. http://t.co/QMWA9oUH1X #AIGAwomensleadership pic.twitter.com/DhzmgYYNc1
— AIGA (@AIGAdesign) May 2, 2015
Целта на кампањата е да ги поттикне дискусиите за прифаќање на жените во било која професија. Не се работи само за еднаквоста на жените, туку за фактот дека во наведените професии има огромен недостиг на работни места.