Жарко Димоски: „Нема да престанам да сонувам и ќе го живеам мојот сон со сите сили“

ADVERTISEMENT

Млад и харизматичен, па колку и да сте тажни и нерапсоложени не може да одолеете на неговата насмевка. Доколку го посетувате Театар Комедија, сигурно веќе добро ви е познат неговиот шармантен лик. Секогаш ведар и расположен за мубает на секоја тема.

Игра во голем дел од претставите во Театар Комедија. „ Мечка“, „Вардарски пастуви“, „Викенд на Мртовци“ се само дел од претставите кои моменатлано се на репертоарот на овој театар. На Светскиот ден на Театарот разговараме со еден од  најдобрите млади глумци во земјава Жарко Димоски.

ADVERTISEMENT

Како започна приказната со актерството?

Отсекогаш сум сакал да измислам временска машина. Временски патник. Да ја бранам честа на некоја принцеза облечен во витешки оклоп, да се напијам англиски чај со Шекспир, да бидам прогласен за најбрзиот револвер на дивиот запад, да шверцам виски со Лучијано, да анализирам со Фројд, да одам на лов со Тесла…Просто сакав и се уште сакам да видам многу работи, да истражувам, да креирам, да си играм, да го негувам детето во себе…а тоа можам да бидам единствено во „Актерска Кожа”…

Приказна која што е релативно на почеток и ќе продолжам да ја раскажувам, нема да престанам да сонувам и ќе го живеам сонот со сите сили.

ADVERTISEMENT

Што е потребно да се изгради еден лик- улога?

Често пати спомнувам за едни непроодни патеки, за трновити шуми, длабоки води…”непознато”…Секој почеток, средба со нов лик отприлика мене ми изгледа како горе наведеното. Замислете една џунгла која што мора да се среди, да се искорне се, да се исчисти полето, да се изора, посее, наводнува и на крајот да илезат прекрасни плодови…

Така некако изгледа еден процес,едно градење на лик, метафорички кажано.

Кој е предизвикот да се биде актер?

“…Ние актерите сме од таков материјал од кој соништата се правени”-Шекспир…Да се надмине есенцијалното, да се допре нестварното,да се исчисти душата…Да се инспирира човештвото.

Неостварена желба?

Како што кажав претходно, никогаш нема да престанам да сонувам, што значи нема да престанам да посакувам и со тоа и да остварувам…Имам многу неостварни театарски и филмски улоги, но со божја помош ќе биде и тоа.

Каков е ликот на Жарко?

За тоа ќе оставам да говорат делата.

„И ако имам дар за пророкување, и да ги знам сите тајни и сите знаења; и ако ја имам сета вера, така што да преместува и планини, а љубов немам-ништо не сум…”

Прво послание до Коринтјаните 5:1-12

Facebook Comments
(Visited 845 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT