Е вака гинат луѓето на нашите патишта – видeо што ја шокираше цела Македонија се врти на Фејсбук
Заради несовесното возење на шоферот во секој момент можеше да дојде до тешка сообраќајна несреќа

Страшно видео се појави на социјалните мрежи
На една позната Фејсбук (Охриѓани) страница се појави видео на кое се гледа како еден шофер цело време вози несовесно и ги става другите учесници во сообраќајот во опасност.
Имено, лицето што го управува автомобилот наместо да вози во својата лента, цело време од непознати причини се префрла и во спротивната лента, и тоа на многу опасни места, на кои кога би дошло возило од другата страна, би настанал директен судар.
Како што забележуваат и луѓето во коментарите, станува збор за патот кон Охрид, кај местото во близина на Колари.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Охриѓани
Не се знае дали несовесниот шофер е пијан, изморен или од некои други причини нема контрола на автомобилот.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Охриѓани
Од она што може да се види, вистинска среќа е како воопшто не дојде до судир, посебно што на тоа место има големи кривини.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Охриѓани
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Охриѓани
Корисниците на социјалните мрежи се револтирани, па многумина коментираа дека на шоферот треба веднаш да му се одземе дозволата и дека заради вакви несовесни лица гинат невини луѓе.