Естрадните ѕвезди во дебел минус: Цеца изгуби 100.000 евра заради коронавирусот, а Анета и „Молика“ ги откажаа настапите
Многу познати ѕвезди од регионот ги откажаа настапите
Меѓу нив и Светлана Цеце Ражнатовиќ, Весна Змијанац, Лепа Брена, Здравко Чолиќ, Александра Младеновиќ и многу други мораа да ги откажат своите настапи и концерти заради светската пандемија со коронавирусот.
Цеца викендов требаше да настапи на Мјузик вик на Копаоник, а следниот во Германија со Саша Матиќ.
Поради откажаните настапи таа изгуби 100.000 евра.

Иста е ситуацијата и со Аца Лукас, но и со бројни наши познати ѕвезди кои исто така ги откажаа своите настапи.

Па така заради епидемијата, Анета со бендот „Молика“ ги откажа настапите во Германија и Италија, додека Тамара Тодевска и покрај предупредувањата, на 11 март настапи во Белград на концертот на Марија Шерифовиќ.

Од друга страна има и несовесни пејачи кои не ги откажаа своите настапи а меѓу нив се истакна Дара Бубамара која порача дека не треба да се паничи – ние сме силна нација, ќе го издржиме и ова, изјави таа за „Курир“.
И Марија Шерифовиќ не го откажа концертот на 11 март заради што беше критикувана на социјалните мрежи.