Вести

Ескалира хаосот со личните документи: Физички нападнат службеник во Одделение за управни работи

Advertisement

66-годишник од Струга физички нападнал службено лице.

– На 15.02.2024 во 13.35 часот во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода П.Ш.(66) од Струга затоа што претходно во Одделението за управни работи во Струга физички нападнал вработен во Одделението за управни работи, информираа од МВР во дневниот билтен.

Advertisement

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Издавањето проблем, сликањето уште поголем. МВР мака мачи да обезбеди образец плус за пасош. Оттаму за Телма потврдуваат дека процесот ќе запрел, но фирмата добавувач интервентно испорачала минимална количина.

Така ќе биде и во наредниот период, а поголема пратка се очекува до крајот на месецот. Рекордите на заменети пасоши кои достигнуваат и над 170.000 патни исправи за месеците декември- јануари не може да ги следи фирмата која го добила тендерот за изработка на обрасци.

Сепак техничкото дуо министри со оптимизам дека реновирањето на управата ќе го спаси процесот на замена на документи. Утрово и техничкиот министер и заменикот ги посетија просториите и од прва рака ги слушнаа најавените измени. Од понеделник се става крај на хаосот со чекање ред. Секој кој се сликал во изминатиот период, ќе добие текстуална порака на својот мобилен број кога да си го подигне пасошот.

Оние, пак, кој се сликале поодамна исто од понеделник ќе можат да се проверат на страницата на мвр.орг во посебен оддел со внесување на матичниот број дали пасошот е готов. Но, овие опции ќе важат само за оние граѓaни кои се сликале во полициска станица „Пролет“ или управата во зградата на МТВ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button