Есенски тренд што ќе ви го одземе здивот – со ваков детаљ секоја комбинација изгледа фантастично (фото)
Тренд кој ќе ве однесе во центарот на вниманието
Фото: Calzedonia
Октомври е месец кога температурите знаат да бидат поприлично ниски, но тоа не значи дека треба да се откажете од вашите омилени фустани и здолништа. Покрај еден пар одлични хулахопки можете да уживате во овие женствени парчиња, но и да изгледате мошне тренди.
Имено, хулахопките со ваков дезен можат да ја подигнат вашата модна приказна на едно сосема ново ниво.
Фото: Instagram (@Tamara)
Точките се во тренд и оваа сезона, а тоа важи како за хулахопките, така и за сите останати модни парчиња.
Во прашање е дезен кој делува елегантно и женствено, но и доволно впечатливо, па треба да сте подготвени да бидете во центарот на вниманието. Најлесно ќе ги носите во минималистички модни комбинации, водејќи се според принципот „помалку е повеќе“, но доколку вешто изберете можете да ги пробате и во многу посмели и поинтересни изданија со кои ќе ги воодушевите сите.