Емотивно видео со фолк-пејачот Спасен Сиљаноски – плаче и пее песна за НАЈВАЖНАТА ЖЕНА во неговиот живот (видео)
Македонскиот фолк пејач Спасен Сиљаноски е доста активен и на социјалните мрежи, каде често споделува и фотографии преку кои споделува и дел од својата приватност.
Освен фотографии, Спасен пишува и статуси на Фејсбук, кои знаат да бидат критички настроени кон некои луѓе.
Пејачот е без влакна на јазикот и директно и остро упатува и киритики до своите колеги.
Спасен е еден од ретките пејачи на мскедонската музичка сцена кој се грижи максимално за својот изглед имиџот на настап.
Пејачот може да се пофали со совршена линија која ја одржува со редовно вежбање.
Тој често споделува и фотографии од неговите спортски активности.
Вљубеник е во планинарењето и често сде искчаува и освојува врвови.
Тој со своите фанови сподели и фотографии од неговиот “улов”. Имено, искачувајќи се на планина тој наишол на вкусни печурки кои гк покажа на Фејсбук.
„Мојата пасија”, напиша Сиљаноски во опис на фотографиите.
Спасен долги години е во брак со неговата избраничка, сопругата Ана.
Мора да се признае дека пејачот умее да биде и доста романтичен, а тоа се гледа од фотографиите кои ги објавува од неговта сопруг која е вистинска убавица. За неа секогаш пишува емотивни пораки.
Нивните деца имаат пет и седум години, а како што самиот вели, најголемата поддршка ја добива од својата убава сопруга.
Спасен потекнува од с.Пополжани Кичевско, за кое вели дека е најубавото местенце во Македонија. На 4 години веќе чисто и целосно ја пеел познатата песна „Крушево абер пристигна“, а на својот шести роденден ја добива првата хармоника, која и до денес ја чува како сувенир.
Песна од која му се насолзуваат очите
Тој е многу приврзан и за својата мајка, Јагода, која најчесто ги пишува текстовите за неговите песни.
Најгледана и најпопуларна снимка на Јутјуб е неоговата песна “Мајка”, песна која неговата мајка ја има напишано за друг пејач. Оваа снимка нарзо доби многу прегледи. На пејачот кој не можејќи да ги задржи емоциите додека ја пееше песната, од почетокот до крајот на изведбата му течеа солзи.
„Ќе ми простите што ја пејам со треперлив глас но емоциите си го прават своето….Оваа песна мислам дека е една од најемотивните и најубавите која ја имаме создадено со мојата мајка…за жал не беше ксмет да извадам јас студиска снимка. Прв пат ја изведувам во живо во емисијата “Имат Немат” во придружба на група Чардак….
„Ви ја посветувам на сите вас драги пријатели и љубители на Македонската музика, на сите вас кои знаете што значи зборот МАЈКА ,а посебно за мојот драг другар Bosko Karadakoski“, напиша тој на Фејсбук.