Емотивниот текст на манекенката која ја изгуби битката со ракот ќе ви го скрши срцето – послушајте го нејзиниот совет!
Манекенката Дијана Милојковиќ на своја 33 годишна возраст ја изгуби битката со тешката болест.
Таа за да ја слушнат луѓето и на тој начин да му помогне на некој и да го изнесе на вистинскиот пат имаше отворено и свој блог. Последниот текст го објави пред неколку месеци, на Светскиот ден на борбата против рак.
„Вчера беше светскиот ден на борбата против ракот. Денес е мојот 1368 ден како се борам со оваа болест.
„Оние што се разболеле минуваат низ драма секој ден. Ним секој ден им е борба, ден без болки е празник за нив. И покрај сé се обидувам да бидам оптимистична, самата себе се охрабрувам и верувам дека решение секогаш постои. Ни во еден момент не ја губам надежта. Луѓето треба да се информираат и во важноста од превенција и рано откривање на болеста, но и за тоа каде и како да се лечат.“
Потоа таа додава дека во разговор со луѓето низ болниците смета дека е неопходно да се ангажираат психолози во сите специјализирани установи во кои има дијагностика и во кои се лечат малигните заболувања. Тоа би било подобро како за пациентот, така и за семејството, бидејќи како што пишива поранешната мисица, ракот не е болест само на еден член, туку болест која се одразува врз целото семејство.
„Би сакала да ги поттикнам сите оние кои откако дознале дека некој се разболел, да се соочат со недостаток на зборови и сепак да се јават. Обратете се до оние кои имале несреќа да се разболат од оваа тешка болест. Тоа се истите оние луѓе со кои до вчера се смеевте. Да бидеме тука едни на други и кога е најтешко. Не е срамно да се биде болен и не е тешко да се биде фер. Бидејќи не сте свесни колку тоа нам ни значи.
Останете ми насмеани и верувајте секогаш!
Ве сака вашата Дијана.“