Емотивна порака на Адријана Алачки за нејзиниот син на која никој нема да остане рамнодушен
Нашата позната фолк пејачка и водителка Адријана Алачки деновиве го прослави роденденот на својот син Благоја.
Алачки на својот син роденденот му го честита со емотивна порака што ја објави на социјалните мрежи. Покрај пораката која никој нема да остави рамнодушен, таа објави и неколку фотографии на кои е нејзиниот наследник. На едната од нив тој се уште е мало детенце, додека другите се понови.
Мајката во своето емотивно писмо напиша дека со неговото доаѓање на овој свет и се остварила најголемата желба во животот. Дека името Благоја му го дала по неговиот дедо кој неизмерно го сакал и дека го следела будно секој негов чекор додека не порана во сокол.
„Сега си вистински маж, сега си свој… гази го ти животот, а не тој тебе, му вели Алачки на својот син потсетувајќи го дека секој ден е жив оган и ако не биде внимателен во животот може многу брзо да изгори.
„Синко никогаш немој да го изгубиш во себе она што те краси, човечност и добра душа…имај секогаш почитување за секого…така и душата ќе ти биде мирна. Уживај во секој ден во животот, оти допрва ќе осетиш што е борба. Само храбрите победуваат. Оди само напред. Никогаш не се врти назад. Назад се животните лекиции кои само ти ги знаеш“ додава таа.
На крај Алачки додава дека како мајка секогаш ќе се гордее на сето она што ќе го создаде и дека секогаш ќе биде нејзина најголема радост. „Нека овој роденден ти донесе мигови на среќа и здравје“ го заврши своето писмо Алачки на својот профил на социјалните мрежи.
Инаку, македонската пејачка и водителка на „Вкусот на традицијата“ беше 25 години во брак со хармоникашот Горан Алачки со кого покрај синот Благоја ја има и ќерката Грациела. Тие и покрај тоа што се разведени останаа многу добри пријатели, велат нивните блиски.