Убавата струмичанка Сања Цинцева позната меѓу народот како Барби е миленичка на многумина.
Таа е млада фолк пејачка која веќе има бројна публика, па така кога ќе најави настап во некој локал било каде низ државата нема игла каде да се фрли. Доколку сакате да ја слушате Сања во живо , вечерва таа настапува во Скопје.
Луѓето ја сакаат што поради природната убавина, атрактивниот физички изглед, шарм и сексапил кој го поседува, но и поради дарбата што и ја дал Бог , убавиот глас.
Сања е препознатлива по русата долга коса, но неодамна го промени имиџот. Згодната девојка се одлучи да ја промени бојата на косата и тоа одбра навистина храбар потег, таа сега е со розова коса.
Погледнете колку фраерски и стои.
Инаку , Сања не открива многу за нејзиниот љубовен живот, но затоа денеска ги стопли срцата на сите кои го отворија нејзиното стори на Инстаграм.
Барби објави фотографија од нејзиното кученце Луна и ставила срценце.
Дотерао во црвена јакничка и шарени чизмички слаткото кученце собра безброј лајкови.
Во продолжение да се потсетиме на огромниот летен хит на Сања „Срце балканско“.