Емина за прв пат отворено зборуваше за најголемата загуба во животот – пејачката прво го загуби таткото, а потоа и бебето!
Емина за тешкото минато!
Пејачката Емина Јаховиќ се обидува да го држи приватниот живот подалеку од очите на јавноста, но од време на време ја отвора душата и признава некои работи што можеби никогаш ги немала кажано во јавноста.
Емина откри како се чувствувала по смртта на нејзиниот татко и признала дека нејзиниот брат Мирсад и бил најголема поддршка:
– Многу должам, многу му должиме на мојот брат, јас, сестра ми , бидејќи тој ни овозможи да поминеме низ некои работи во тие моменти по смртта на нашиот татко.
Не само материјално, туку и психички, имавме чувство дека некој не штити. Дури и денес, кога ми се јавува, имам страв дека сум направил нешто лошо. Мирсад навистина одигра голема улога во мојот живот – рече Емина.
Пејачката Емина Јаховиќ со години живее на релација Белград – Истанбул, а како што сака да каже за себе, обожува да работи и во секоја работа ужива.
-Јас сум вистински генератор, машина. Сакам да работам, не сум во состојба да лежам, да безделничам…. Не сум од таква природа и кога не работам се чувствувам многу лошо“ – кажа таа, а потоа опиша како се бори со тешките моменти во животот.
-Секогаш велам дека животот не е отсуство на проблеми, туку начин на кој треба со нив да се изборите. Крајот на 2017 и почетокот на 2018 година ќе ги паметам по не толку убави моменти во својот живот.
Беше многу тешко, но се изборив и станав само посилна“ – раскажа Емина за црногорските медиуми.
Исто така Емина раскажа дека имала многу тежок период во животот и дека изгубила дете.
Популарната пејачка Емина Јаховиќ имаше емотивна исповед за својот живот и раскажа како го загубила своето бебе.
Пејачката била во Белград и притоа не знаела дека е бремена, а по враќањето во истанбул дознала дека е бремена, но имала спонтан а*ортус.
„Завршував некои обврски во Белград и не знаев дека сум бремена. Дознам дека сум бремена дури кога се вратив во Истанбул. Нешто не беше во ред со бебето и го загубив. Би сакала да родам уште едно дете и би сакал да биде девојче“, вели Емина.
ФОТО: Емина Јаховиќ / Инстаграм
ФОТО: Емина Јаховиќ / Инстаграм
ФОТО: Емина Јаховиќ / Инстаграм
ФОТО: Емина Јаховиќ / Инстаграм
ФОТО: Емина Јаховиќ / Инстаграм
ФОТО: Емина Јаховиќ / Инстаграм
ФОТО: Емина Јаховиќ / Инстаграм
ФОТО: Емина Јаховиќ / Инстаграм
ФОТО: Емина Јаховиќ / Инстаграм
ФОТО: Емина Јаховиќ / Инстаграм
ФОТО: Емина Јаховиќ / Инстаграм
ФОТО: Емина Јаховиќ / Инстаграм
ФОТО: Емина Јаховиќ / Инстаграм
ФОТО: Емина Јаховиќ / Инстаграм
ФОТО: Емина Јаховиќ / Инстаграм