Но имиџот не беше единственото нешто поради што фановите на пејачката беа изненадени од овие фотографии
Имено, Емина Јаховиќ (37) реши да направи промена во имиџот откако се раздели од турскиот бизнисмен Садетин Саран (55). Таа повторно ги скрати шишките, па фотографија од новата фризура објави на Инстаграм.
Но она со што ги збуни фановите е што од фотографијата се гледа дека Емина има неколку исечени рани на рацете.
Никој не знае од што и се раните, а пејачката се уште се нема огласено во врска со нив.
Како и да е, многумина беа воодушевени од нејзината промена, па не изостанаа и бројни лајкови и комплименти на сметка на нејзиниот нов изглед. Но имаше и такви кои го коментираа и односот на Емина со турскиот милијардер со кого неодамна ја заврши романсата.
Таа откако се раздели од Садетин за медиумите изјави дека останала во добри односи со него, но и откри причината заради крајот на нивната романса.
„Ја раскинав таа врска. Тоа е завршена приказна. Ставив точка бидејќи тоа е, како да кажа, беше и малку пребрзо по бракот. Имавме некои недоразбирања и несогласувања во размислувањата, и начинот на живот… Се разделивме како пријатели и во најдобри можни односи, ние сме возрасни луѓе“, откри неодамна познатата пејачка во една емисија