Како да направите нешто за подигање на имунитетот
Ѓумбирот во топол чај со лимон е веќе добро познат рецепт и брилијантен засилувач за вашиот имунитет. Но, еве уште една од клучните состојки што треба оваа зима да ја ставите во вашиот секојдневен живот.
Во прашање е јаболков оцет!
Јаболковиот оцет сите го користиме како додаток на оброците. Во прашање е брилијантен производ не само за вашето непце, туку и за вашиот имунолошки систем. Можеби самата идеја е малку чудна, но верувајте, ќе ви се допадне со оваа комбинација од состојки! Треба да користите оцет кој е направен од ферментирани јаболка и затоа е поблаг во однос на алкохолот или винскиот. Тоа всушност ја намалува киселоста во телото. Содржи пектин кој го подобрува варењето и врзува токсини, помагајќи му на вашето тело да се ослободи од нив. Консумирањето пијалаци што содржат јаболков оцет ќе ви помогнат да се заштитите од настинки и позитивно да влијаете на вашиот имунолошки систем.
Состојки за овој исцелителен еликсир:
2 лажици јаболков оцет
1 лажица куркума
1/2 мал ѓумбир (излупен и изрендан)
сок од 1 лимон
2 лажички мед
2 здробени зрна црни бибер
3 чаши млака вода
Подготовка:
За да се подготви овој медицински пијалак, се меша мед со куркума, ѓумбир, сок од лимон, сок од јаболко и се додава издробениот црн пипер во мала чинија. Поделете ја смесата во две чаши, а потоа полијте ја со топла вода.
Се пие додека е топло.