Реклама
Холивуд

Елегантниот фустан во кој блескаше бремената Меган Маркл го сруши интернетот – се распродате за само неколку минути!

Реклама

Веста за бременоста на војвотката од Сасекс која стигна директно од Кенсингтонската палата ги развесели бројните обожаватели на кралското семејство.

Бремената војвотка Меган и нејзиниот сопруг Хари во моментов се на турнеја низ Австралија, каде заминаа веднаш по венчавката на принцезата Евгенија која беше минатиот петок во истата црква во која и тие ги разменија своите брачни завети. Откако малата слатка тајна се појави во јавноста, Меган ја отфрли лежерната облека која што ја носеше претходните неколку недели па пред познатата Опера во Сиднеј заблеска во припиен бел фустан со голема насмевка на лицето.

Маркетинг

Белиот фустан кој е со потписот на австралиската дизајнерка Карен Џи открива дека Меган е во ран стадиум на бременост, бидејќи стомачето малку и се познава, а и половината изгледа малку позаоблено отколку порано.

Маркетинг

Покрај атрактивниот бел фустан без ракави со должина до под колената, Меган носеше и беж салонки од Стјуарт Вајцман и накит со посебно значење – обетки во облик на пеперутки и златна нараквица од покојната принцеза Дајана.

Белиот фустан со потписот на Карен Џи ги воодушеви обожавателите на убавата Маген кои по овие фотографии навалија во онлајн продавницата на австралиската дизајнерка за да го купат фустанот вреден 1000 фунти со што притоа ја срушија нејзината страница!

Кога и застуди, 37 годишната трудница се покри со долг, елегантен беж мантил кој е со потписот на престижната модна куќа Прада, а кога се измори од високите потпетици, се пресоблече во нешто што досега ја немаме видено откако ја носи титулата војвотка – удобни балетанки.

Меган и Хари на турнејата ќе бидат полни 16 дена. Ќе ја посетат Фиџи, Тонга и Нов Зеланд, а потоа се враќаат во Велика Британија каде ги чека семејството на Хари и најверојатно и нејзината мајка, Дорија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button