Елегантна, насмеанa и опуштенa – погледнете го ова феноменално издание на фаталната Фатиме Фетаи

Фатиме Фетаи се појави во прекрасно издание на отворањето на новото модно ателје на Тања Кокев.

Специјалната јавна обвинителка која секогаш изгледа елегантно, но со стил овој пат „фураше“ едноставен фустан со интересен дезен и црн детаљ на страничните рабови, додека целото издание го зачини со златен часовник, кожена чанта, црни високи потпетици и преубави обетки.

ADVERTISEMENT

Видно насмеана во горниот дел доминираат нејзините препознатливи шишки додека лицето го оплемени со црвен кармин, а во иста боја беше и маникирот со кој дополнително го подигна целото издание на едно повисоко ниво. На фотографиите што ги преплавија македонските медиуми, а кои беа објавени на Фејсбук профилот на Тања Кокев, Фатиме изгледа расположено и максимално опуштено, а со своето појавување ја подигна и целата атмосфера.

Па, што велите за ова издание на Фатиме?

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed