Експертите предупредуваат дека само на овој начин ќе ја победиме короната, оваа препорака мора сите да ја почитуваат
Според најновата објава од Светската здравствена организација сите лица кои биле во контакт со заразени од коронавирус треба да бидат тестирани, без оглед на тоа дали покажуваат симптоми или не.
Оваа препорака на експертите на СЗО изнесена е откако епидимиолозите во САД оцениле дека тестовите не се потребни за оние кои не покажуваат симптоми на болеста.
Марија ван Керкове експерт од СЗО препорачува дека, ако е можно, сите контакти да се тестираат, независно од тоа дали развиле симптоми.
Во понеделникот американскиот Центар за превенција и борба против болести, објави дека не е потребно да се тестираат контактите ако немаат симптоми, но американскиот епидемиолог Ентони Фаучи изрази загриженост поради тоа што новите препораки на ЦДЦ на луѓето ќе и даде погрешна претпоставка дека асимптоматското ширење на заразата не треба да биде причина за голема загриженост.
Ван Керкове вели дека тестирањето на контактите е важно за разбивање на ланецот за пренесување на вирусот.
Таа исто така истакнала дека само носењето маски не е доволно, туку е потребно да исто така да се одржува дистанца и да се мијат раце.